Дожд, град и ветер со брзина до 100 км во источна Македонија

Делови од источна Македонија од изутрината се зафатени од невереме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина и до 100 километри на час, пренесува МИА.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, nајмногу дожд од 7 до 13 часот има наврнато во Пожар 55 л/м2, во Крива Паланка 39 л/м2, во Демир Капија 38 л/м2, во Штип 34 л/м2 , во Виница 18 л/м2, два л/м2 во Струмица, Куманово и еден л/м2 во Охрид, Прилеп, Берово и Крушево.

Појава на град е регистрирано во општина Конче, а во Струмица тој бил со големина на орев. Нестабилноста која се протега од Кожуф, па се до Осоговските Планини постепено се поместува кон исток и североисток.

До крајот на денот, како што велат од УХМР, ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во источните делови на државата врнежите ќе бидат пообилни и ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе слабеат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.