Дожд и грмотевици со температура до 28 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

На повеќе места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во попладневните часови кога локално процесите ќе бидат поинтензивни со поинтензивен пороен дожд и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 28 степени.
Слично време и во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд проследен со грмежи и со засилен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.