Дожд и магла со температура до 14 степени

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со краткотрајни локализирани врнежи од дожд, кои во текот на попладнето ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време, магла, дожд и облаци со температура до 14 степени.