Дожд и малку снег денеска, температурата до 12-от степен

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со дожд и снег. Во попладневните часови се очекува постепено разведрување.

Утринските температури се од минус три до четири степени,  додека дневните од три до 12 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до осмиот степен.