Дожд и ниски температури до крајот на неделата

Попладнево и во текот на ноќтта ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, а во попладневните и ноќните часови засилен северозападен ветер (повремено над 70 км/час), кој ќе услови на повисоките планини повремени локални врнежи од снег.

Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 Целзијусови степени, а кон крајот на денот позначително ќе опадне.

И утре претпладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, ќе има и повремени локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Во петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 16 Целзијусови степени, а од петок до недела утринските температури на места се очекува да бидат околу 0 Целзијусови степени.