Македонија

Дожд и слаб ветар, со температура до 12 степени

Дожд и слаб ветар, со температура до 12 степени

Времето во земјава денеска ќе биде облачно и постудено а на повисоките планини ќе врне снег. Врнежите ќе бидат пообилни во северните и северозападните предели на земјава каде локално повторно се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен.

Во вечерните и во ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 5 до 12 Целзијусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а и облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзијусови степени, а дневната ќе се искачи до 10 Целзијусови степени.

Утре и на почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време и потопло со подолги сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд.