Дожд и снег до сабота, од понеделник стаблно време

Метеоролозите за попладне најавуваат врнежи и до 25 литри дожд на метар квадратен, а на повисоките места и во дел од низините во северниот дел на Македонија и снег. На планините во следните часови и во текот на ноќта ќе наврнат нови 20 сантиметри снег.

За утре се предвидува засилен ветар од северен правец, нови врнежи од дожд посебно во источна Македонија. Во овој дел од земјава врнежите ќе бидат поинтензивни, посебно во сабота.

На планините во првиот ден од викендот ќе има нови врнежи од снег, посебно во југоисток, северна и западна Македонија. На пониските места ќе наврне нова снежна покривка која се предвидува да биде до 20 сантиметри, а до сабота изутрина ќе наврнат екстра 25 литри дожд. Во недела ќе е студено. Снег ќе паѓа само понекаде, а од понеделник времето ќе биде стабилно, но студено.