Дожд и температури до 13 степени

Времето во Македонија ќе биде насекаде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.

Врнежите ќе продолжат и во сабота особено во претпладневните часови, но ќе бидат со послаб интензитет. Од недела времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во недела од девет до 14, а во почетокот на наредната недела од 10 до 16 степени.