Дожд од метеори го покри небото од Скопје до Вашингтон

Над небото синоќа се одигруваше вистински спектакл, кој можеше да се збалежи и на небото над Скопје.

meteori_2

На двете земјини хемисфери, од Скопје до Вашингтон, на небото можеше да се види прекрасен дожд од метеори.

meteori_3

Станува збор за најдолгиот дожд на метеори во годината, при што во еден час можат да се видат 120 метеори од речиси секоја точка на Земјата.

meteori_5

Дождот од метеори се јавува кога Земјата се пробива низ облак на кометска прашина. Ситни делови на кометата, не поголеми од зрно песок, горат кога ќе влезат во Земјината атмосфера и тогаш светат.

Геминидите, како што се нарекува овој дожд од метеори, се всушност остатоци од угаснатата комета 3200 Feton, за која во НАСА првобитно мислеле дека е астероид.