Дождливо и ветровито време, температури до 14 степени

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаби локални врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а во четврток со врнежи од дожд, особено пообилни ќе бидат во западните делови од земјава каде локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег. Температурите во вториот дел од неделата ќе имаат тенденција на опаѓање.