Дождливо време, со снег на планините

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните и југоисточните делови каде локално се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од пет до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до осум степени.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преодно стабилизирање ќе има во вторник кога и дневните температури ќе бидат повисоки и ќе се движат од осум до 14 степени.