Дождот го зголеми водостојот на реката Луда Мара

Ноќеска во кавадаречко имаше интензивни врнежи од дожд. Според податоците добиени од метеоролошката станица лоцирана кај СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ ноќеска за само 8 часа наврнале 41 литар на метар квадратен дожд.

Интензивниот дожд  утринава го зголеми водостојот на реката Луда Мара, но нема никаква опасност од нејзиноизлевање. 

Пороен дожд во Кавадарци врнеше и во попладневните часови со што водниот талог дополнително се зголеми.  Агроекспертите велат дека овој дожд е добредојден за есенските посеви.

Според прогнозата на синоптичарите утре не се очекуваат врнежи од дожд. Ќе имаме сончево време со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.

Од утре поради  продор на студена воздушна маса во Македонија се очекува и пад на утринските и дневните температури. Максималнта дневна ќе достигне до 12 степени.