Доживотен затвор за Палестинецот кој се смета за одговорен за војната во Појасот Газа

Палестинецот, кој е прогласен за виновен за организирање на киднапирањето и убиството на тројцата израелски тинејџери, што беше повод за серија инциденти, кои доведоа до војна во Појасот Газа минатото лето, е осуден на доживотен затвор од страна на израелскиот суд. 

Судот му изрече три доживотни поресуди на Хусам Кауасме, по една за секое од убиените момчиња.

Деветнаесет годишниот Ејал Ифрах, 16-годишниот Гилад Шаар и 16-годишниот Нафтали Френкел, кои имаа израелско и американско државјанство беа киднапирани и убиени во јуни минатата година, додека со автостоп се обидувале да стигнат дома на Западниот Брег.

Израел презеде голема операција за пронаоѓање на момчињата и уапси стотици членови на Хамас на Западниот Брег. Хамас ги интензивираше нападите врз Јужен Израел, предизвикувајќи воен одговор, кој ескалиршае во 50-дневна војна. Во неа беа убиени над 2.100 Палестинци и 72 Израелци.