Спорт

Доживотна суспензија за боксерот кој го претепа судијата

Доживотна суспензија за боксерот кој го претепа судијата

Меѓународната аматерска боксерска федерација (АИБА) доживотно го суспендира хрватскиот боксер Видо Лончар.

– АИБА има нула толеранција за вакво однесување, изјави претседателот на таа организација Чинг-Куо Ву.

Лончар во понеделникот на Европското првенство во Загреб го нокаутира судијата кој трипати му броеше на Хрватот и во втората рунда го прекина мечот доделувајќи ја победата на Литванецот Алгирдас Банулис.

Младиот хрватски боксер со неколку удари на судијата му нанесе тешки телесни повреди и поради тоа заврши во притвор, а експресна доживотна суспензија доби и од Хрватскиот боксерски сојуз.