Доживотна затворска казна за напаѓачите на Малала Јусуфзаи

Десет Талибанци добија доживотна казна затвор откако Судот во Пакистан донесе одлука дека се виновни за вооружениот напад на активистката Малала Јусуфзаи.

Малала, која во конзервативните делови на Пакистан повика на правото на жените на образование, во октомрви 2012 година беше погодена со куршум во глава додека влегувала во училишен автобус по крајот на часовите. Во нападот се повредени уште две девојчиња, пренесува Танјуг.

Откако успешно закрепна, Малала започна кампања за едукација на девојчињата во Пакистан, а минатата година стана најмладиот добитник на Нобелова награда за мир

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.