Секс

Дознајте дали имате добар сексуален живот

Дознајте дали имате добар сексуален живот

Дали се согласувате во кревет со партнерот? Задоволни сте со редовноста на сексуалните односи? Погрижете се сексуалниот живот да претставува што е можно поголемо задоволство и за двајцата.

 

Колку често имате сексуални односи?

Кога сексот е во прашање, добро е што повеќе да раговараме на таа тема и да не го задржуваме за себе евентуалното незадоволство и потешкотии. Затоа, нема да биде на одмет разговорот да го насочите преку разни прашања кои може да ви помогнат да дојдете до некое конкретно решение или на партнерот ќе му ги предочат потешкотиите кои претходно не ги земал во предвид.

Основното прашање поврзано со секс кое треба да си го поставите е секако прашањето за редовноста на сексуалните активности. Ако вашиот одговор е дека се онолку чести колку што посакувате, тогаш се’ е во најдобар ред. Но, доколку одговорот е „премалку пати“ или  „само кога партнерот сака“, време е за искрен разговор и решавање на проблемите.

Многу е значаен и одговорот за сексуалната привлечност кон партнерот, кој никако не смее да биде негативен. И секако, прашањето за тоа кој прв ја превзема иницијативата за секс. Ако тоа секогаш го прави само еден од вас, тоа некој ден може неубаво да заврши, затоа што едниот ќе чувствува дека го присилуваат на секс, а другиот дека на партнерот воопшто не му значи заедничкиот сексуален живот.

Ништо помалку значајно не е и прашањето за бројот на одбивања на секс понуди. И во овој случај одговорот би требало да биде изедначен. Во спротивно, би можело да дојде до одредени потешкотии.

 

Што да правите кога на партнерот не му е до секс?

Во долготрајните партнерски врски, порано или подоцна доаѓа и до некое одбивање на секс понуда кога на едниот партнер во дадениот момент едноставно не му е до секс. Проблемите се појавуваат кога такви одбивања има пречесто и кога партнерите се караат поради нив. Или, уште повеќе, кога не ги разбираат правилно и мислат дека е крај на светот.

Затоа, запрашајте се што најчесто правите кога партнерот ќе ве одбие. Ако одоговорот е дека се помирувате со тоа и едноставно прифаќате дека тоа не бил вистинскиот момент, постапувате правилно, под услов тоа да не се случува пречесто. Ако сте накратко можеби лути или разочарани, сеуште не е алармантно. Но, доколку се чувствувате многу повредени и размислувате за освета при следниот секс, мора да се запрашате зошто е тоа така, и што побрзо да ја отстраните причината.
Многу е важно и прашањето за тоа дали сте задоволни со односот на вашиот партнер кон сексот, односно дали ви се допаѓа онаков каков што е, или можеби би сакале некој поопуштен и не толку воздржан. Доколку заклучите дека вашиот партнер во суштина е премногу срамежлив и воздржан во однос на сексот, морате да поразговарате околу тоа со него. Се разбира, не со обвинувања или присилување на нешто што не му одговара, туку полека, искрено и во вистинскиот момент.

Нешто слично важи и за прашањето за нежноста и вниманието за време на сексот, што е исто така многу значаен дел од вашиот сексуален живот. Ако на тоа прашање вашиот одговор е дека сте секогаш задоволни, се’ е во најдобар ред. Но, доколку сфатите дека всушност никогаш не сте целосно задоволни и дека секогаш нешто ви недостасува, време е за итен разговор, инаку може да се случи нежноста да почнете да ја барате во друг кревет.

 

Дали се разочарувате ако партнерот не доживее оргазам?

Оргазмот е „јаготка на шлагот“, но е многу голема јаготка која не смее да недостасува, затоа што токму поради тешкотиите во тоа подрачје меѓу партнерите доаѓа до незадоволство и расправии. Мажот се обвинува себе си поради тоа што не може да ја доведе жената до оргазам, а таа е разочарана затоа што не може да постигне оргазам и поради тоа се чувствува помалку вредно. Жената може и да лути на мажот затоа што, споед нејзиното мислење, тој не се потрудил доволно.

Не заборавајте дека кога се работи за вакви потешкотии, треба пред се’ да се запрашате  дали сте разочарани затоа што вие или партнерот не успевате да доживеете оргазам и, се разбира, колку сте разочарани кога тоа се случува. Дури тогаш може да почнете да размислувате и превземате дејства за конкретни предлози и решенија.

Прашањето за оргазам е поврзано и со прашањето околу тоа колку често партнерите не покажуваат доволно интерес за секс и, се разбира, дали сексот со партнерот е онолку разигран и страсен колку што би сакале.