Дознајте каков е во кревет и пред сексот

И пред сексот со новиот партнер можете да дознаете каков е во кревет. Постојат некои знаци кои го откриваат, а ваше е да обрнете внимание на истите.

Со помош на овие десет знаци нема да дојдете во ситуација да спиете со лош љубовник.

Грицкање нокти

Мажот кој грицка нокти ги надминува границите и оди во крајност. Можеби оваа навика не ви изгледа привлечно, но тоа може да биде знак за одличен љубовник.

Има куче

Мажите кои имаат куче за домашно милениче често потребите на другите ги ставаат пред своите што значи дека и во креветот не се себични. Меѓутоа исто така тие не се опседнати со хигентата, а тоа често може да биде проблем.

Не е секси

Ако мажот не е страшно згоден и со својот изглед не освојува жени, веројатно ќе потроши повеќе време и труд да ја направи среќна својата партнерка.

Убав ракопис

Според експертите за ракопис, мажите кои буквата „у“ ја пишуваат со завиено „репче“ имат високо либидо и многу бујна фантазија.

Мириса боженствено

Мирисот е еден од показателите на привлечност, а колку некој маж има што поубав природен мирис за некоја жена толку е поголема шансата тие двајца да бидат генетски комплементарни.

Стои исправено

Млитавото и подгрбавеното држење е индикатор на несигурност и мрзеливост. Колку мажот е поисправен толку е посамодоверлив и повеќе се труди.

Се шегува на своја сметка

Секој маж кој знае да се шегува на своја сметка не е егоцентричен и не сфаќа премногу сериозно кои се добри  особини кога е сексот во прашање.

Како вози автомобил

Мажите кои лесно се нервираат кога возат се нетрпеливи љубовници опседнати со крајниот резултат – оргазмот, и тоа својот. Често се незаинтересирани кога станува збор за партнерскиот оргазам. Брзите возачи се страствени и се стремат кон таков секс. Тргнете се од претерано внимателните возачи покрај кои ви се чини дека и вашата баба сака повеќе акција од нив.

Роб е на дневните рутини

Ако се вознемирува на секоја па и најмала промена на дневните рутини тоа може да биде лош знак. Се однесува како робот и големи се шансите и љубов да води на ист начин. За време на сексот подобро ви е ништо да не менувате бидеќи веднаш ќе помисли дека нешто не е во ред.

Тој зборува и со своите раце

Ако прави драматични движења со рацете додека зборува, веројатно станува збор за маж со бујна и креативна фантазија кој е вешт во креветот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.