ДПА: Џелатите Црвенковски, Заев и Верушевски не може преку ноќ да станат жртви

Осуда до однесувањето на Зоран Заев кој во соработка со странски служби тргна во поход да и наштети на Македонија, пристигнува и од политичарите од албанскиот блок.

По гостувањето на Зоран Заев во албанската телевизија Топ Ченел, од ДПА порачаа дека шизофрениот шарлатан од Струмица треба да се обрати до судските или здравствените институции.

Беким Фазлиу од ДПА рече дека “верните слуги на вчерашната и денешната УДБА, Алсат М, Ким Мехмети, кои се виновници и соучесници на сите тие убиства и малтретирања на Албаните, што ги имаат извршено нивните патрони Верушевски и Фрчковски со целата тајфа на СДСМ кога беа на власт, денеска станаа аргати на Зоран Заев“

– Јавно му кажуваме на овој шарлатан од Струмица, кој фалсификува и клевети, монтира и фантазира, подалеку рацете и ноктите од Албанците, подалеку рацете од Албанија и Косово, затоа што си премногу мал за овие работи. Додека е тука ДПА, како што им го покажавме местото на твоите претходници, ќе се погрижиме и на вас истото да ви се случи, рече Фазлиу.

Тој побара од Заев лично да им се обрати на судските и здравствените институции.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во своето интервју за Коха јасно го покажа ставот на неговата партија кон она што го прави Зоран Заев.

-Сакам да кажам дека ова на крај нема да има никаков ефект, некои телевизии и албански интелектуалци кој што беа високи функционери во СДСМ се обидуваат да го претставаат Заев како нова фигура која ќе ги реши проблемите, рече Тачи.

Тачи тврди дека СДСМ не поседува никакви компромитирачки материјали за ДПА.

-Пак ќе кажам станува збор за шпиуни и удбаши (како Мерсел Бињали и други кои што беа на високи функции во владите на СДСМ), оваа политичка ситуација на крај ќе заврши без успех, затоа јас вечерва сум тука на јавноста да им гарантирам дека нема никакви компромитирачки материјали за ДПА и ќе докажеме нека нема никаква соработка помеѓу ВМРО и ДПА или било каква контрола од ВМРО или обратно, додаде лидерот на ДПА.

Тачи вели дека толеранцијата која што се прави кон Македонија е под секоја цена да се зачува стабилноста, но и тие добро оценуваат дека, како што истакна лидерот на ДПА „вчерашните џелати Црвенковски, Верушевски, Заев, не можат да станат преку ноќ жртви“.

-Спомнав и претходно дека ви гарантирам со живот дека такво нешто нема, но болни луѓе заедно со Заев и нивните монтажи мене ми се како прашина на рамо и тоа воопшто не ми остава одреден впечаток, додаде тачи во интервју за Коха.

Зоран Заев не може да смета на поддршка од албанската опозиција иако аналитичарите предвидуваа дека лидерот на СДСМ можеби игра на таа карта. ДПА јасно му порача на Заев дека треба своите раце да ги тргне подалеку од Албанците.