ДПА нема да гласа за новата Влада, но ќе биде конструктивна опозиција

Пратеникот Орхан Ибраими, од ДПА, на денешната Седница за избор на новата Влада, посочи дека владејачката коалиција работи против интересите на Албанците.Тој истакна дека ДПА ќе гласа против составот на новата Влада, но дека ќе ја поддржи нејзината платформа која се однесува на евроинтеграциите и на реализирањето на правата на Албанците во Македонија. 

„Ова Влада не е нова, туку е продолжување на старите политики, политики на регрес, на дискриминација и блокирање на процесот на евроинтеграција. ДУИ се повикува на политички легитимитет поради бројот на освоени гласови,  кои се добиени со закани и уценувања“, рече Ибраими кој најави дека ДПА ќе биде конструктивна опозиција.