ДПА се врати во пратеничките клупи

Пратениците од Демократската партија на Албанците денеска се вратија во собраниските клупи, по најавите и одлуката потврдена од највисоките тела на партијата.

Денеска во Собранието продолжи расправата за буџетот за 2015 година, а на 18-тата седница на дневен ред е и Извештајот за напредокот на земјата.

Инаку, ДПА ја бојкотираше работата на Парламентот по инцидентот со колегите од ДУИ што се случи на Комисијата за финансирање и буџет, кога пратениците расправаа за амандманите за буџетот за следната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.