ДПА се врати во Собранието

По два месеци бојкот претставниците на ДПА повторно седнаа во пратеничките клупи.

Постапката на ДПА е за поздравување а нивниот чекор треба да го следат и колегите од СДСМ велат од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Интегративците колегите од ДПА ги чекаат со иницијатива за формирање анкетна комисија.

Бојкотот следеше по инцидентот во Собранието на расправата за финансирање и буџет. Политичките опоненти се степаа околу прашањето кој колку ги штител интересите на албанското население.