Драчево и околината без вода за пиење

Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од 500 милиметри кај Полициската станица во Драчево од 7 часот без вода за пиење се корисниците од населбата и селото Драчево, како и од селата Долно Лисиче, Батинци, Љубош, Студеничани, Моране, Марков Манастир и Индустриската зона Пинтија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето се очекува да трае до 22 часот до кога екипите на ЈП Водовод и Канализација треба да го отстранат дефектoт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.