Магазин

Драган Николиќ итно префрлен во болница

Драган Николиќ итно префрлен во болница

Драган Николиќ бил итно префрлен во болница минатата недела. Актерот кој остана запаметен по улогата на Прле од култната серија „Отпишани“, бил хоспитализиран затоа што дошло до влошување на неговата состојба, а сместен е во Клиничкиот центар.

Драган минатата недела е примен во Клиничкиот центар во Белград, каде повторно прима терапии поради проблемите со дебелото црево, поради што во февруари годинава беше опериран. За жал лековите што ги прима споро делуваат на неговиот организам, тврди добро известен извор за српски „Курир“.

Иако се бори со мошне тешка болест Николиќ е добро расположен и весел, па по цел ден го анимира персоналот на хируршкото одделение.

Тој е во свесна состојба, комуникативен е и доста позитивен. Докторите и медицинските сестри секојдневно се шегуваат со него, вели истиот извор за весникот.

Драган Николиќ итно префрлен во болница
Драган Николиќ итно префрлен во болница

Како и до сега негова најголема поддршка е сопругата Милена Дравиќ, која речиси целиот ден го поминува во болничката соба со нив.