Магазин

Драган Николиќ заврши во болница

Драган Николиќ заврши во болница

Легендарниот актер, Драган Николиќ (71), заврши во болница, дознава српски Курир. Николиќ во последните неколку месеци имал проблем со дебелото црево, поради што започнал детални лекарски испитувања.

Тој поминал неколку дена на „Првата хируршка клиника“ каде му биле правени анализи.

На основа на добиените резултати кои се очекуваат за неколку дена ќе се знае дали ќе биде опериран.