Драганчо не можел да го поднесе фактот дека сопругата имала љубовник

Драганчо Манаилов, човекот кој уби три лица во Злетово, а потоа си го одзеде животот со бесење не можел да помине преку тоа што неговата сопруга имала љубовник, објавува Прес 24. Извори од истрагата откриваат дека од трите случаи во кои Драганчо бил пријавуван за насилство, само еднаш, во 2013 година ја нападнал сопствената сопруга. Во двата случаи во кои бил пријавуван оваа година Манаилов го претепувал љубовникот на сопствената сопруга.

Според првичните и се уште неофицијални информации, покрај родителите на сопствената сопруга, Манаилов утрoво го застрелал и чичкото на нејзиниот љубовник.

Неверството во овој случај најверојатно е причина за трагедијата која однесе 4 животи.

Драганчо Манаилов, според информациите добиени од оние кои го познаваат воопшто не бил насилсен човек. Сите се шокирани од фактот дека тој убил тројца бидејќи како што велат, никогаш не наликувал на човек кој е способен за такво нешто.

Откако ги убил трите лица, тој дошол во сопствениот дом каде што била неговата сопруга заедно со нејзиниот брат. Драгачно не пукал туку почнал расправија со братот на неговата жена која брзо прераснала во тепачка.

Во тепачката шурата му ја одзел пушката по што Драганчо со својот автомобил се дал во бегство. Куќата во која живееле била блиску до куќата во која тој ги убил родителите на својата сопруга. Неговата сопруга веднаш ја алармирала полицијата.

Драганчо побегнал до една блиско бачило каде си го одзел животот со бесење.

Армијата потврди дека тој бил во редовен работен однос како професионален војник и дека никогаш не бил проблематичен. Против него не се водела никаква дисциплинска постапка во армијата, а редовно ги поминувал и психофизичките тестирања. Последното му било направено викендов пред да замина на стража во Куманово од каде се вратил и го извршил убиството.