Драги: ЕЦБ сака Грција да остане во еврозоната

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги денеска повика за стабилен договор меѓу Атина и кредиторите, со цел да се гарантира задржување на Грција во еврозоната.

– Управниот совет на ЕЦБ сака Грција да остане во еврозоната. Сепак треба да има силен договор, а силен договор е тој што предвидува раст, вклучува социјална правда и е фискално одржлив – изјави на прес конференција Драги, пренесува ДПА.

Во овој момент преговорите напредуваат, нагласи претседателот на ЕЦБ, без да објави повеќе детали за какви и да било компромиси. Драги потврди дека грчката влада и кредиторите претставил предлози за постигнување на договор.