Драма долга 10 дена, започнува евакуацијата на патниците од бродот на Антарктикот

Евакуацијата на патниците на рускиот брод „Академик Шокалски“ кој е заглавен во мраз на Антарктикот, започна денеска со помош на еден кинески хеликоптер, соопшти шефот на експедицијата Крис Тјурнеј.

„Кинескиот хеликоптер стигна на бродот „Шокалски“. Започна евакуацијата. Ви благодарам на сите,“ напиша Тјунер на својот Твитер профил.

Заедно со неговата порака на Твитер, објавена е видео снимка на која се гледа како хеликоптерот како се спушта на мразот во во близина на бродот „Академик Шокалски“ кој е заглавен од 24 декември.Австралиската служба за безбедност на морето пред неколку дена објави дека евакуацијата можеби ќе биде одложена поради лошите временски услови.

На бродот се наоѓаат 73 лица, меѓу кои австралиски, британски и новозеландски научници и туристи. Тие имаа цел да ја повторат историската експедиција на Антарктикот пред еден век (1911-1914) која ја водеше австралискиот научник, сер Даглас Мосон.