Драма на патот Градско-Велес: Полицијата бркала автомобил со мигранти

Девет мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан доцна синоќа се откриени во автомобил со скопски регистерски ознаки, возаот побегнал.

Според информациите од Царинската управа, синоќа, околу еден часот по полноќ се одвивала вистинска драма на стариот пат Градско-Велес.

Царинските службеници, по сомневање дена во патничко возило се пренесеува нелегална стока се обиделе да го сопрат. Но, автомобилот со скопски регистерски ознаки, но возачот не сопрел.

Царинските службеници ги известиле и соодветните служби од Министерството за внатрешни работи со цел координирање и заедничко сопирање на возилото.

По получасовна драма по патиштата, во близина на Велес, возилото нагло запрело на нагорнината при што возачот излегол и побегнал лево од патот оставајќи го возилото неконтролирано да се движи наназад при што истото со задниот дел удрило во службеното царинско возило, по што го сменило правецот на движење и излетало надвор од патот.

Во тој момент од просторот наменет за патници како и од багажниот простор почнале да излегуваат девет патници. Станува збор за илегални мигранти со потекло од, кои според првичните сознанија, по нелегален пат се обидувале од Грција, преку Македонија и Србија да заминат кон западноевропските земји.

Mигрантите веднаш се задржани, а по пристигнувањето на полициски службеници од СВР Велес и припадници на Граничната полиција истите им се предадени на нивно понатамошно постапување.