Драма на словенско-хрватската граница: Семејства раздвоени, децата плачат!

Драма на словенско-хрватската граница: Семејства се раздвоени, деца врескаат!
Драма на словенско-хрватската граница: Семејства раздвоени, деца врескаат!

Нова голема драма се одвива на хрватско-словенската граница. Словенците се бавни во пропуштањето на бегалците, сакаат да ги евидентираат баш сите, па се создала голема нервоза, пишува „Независне новине“.

Поради давање предност на жените и децата, семејствата се раздвоени. Децата и жените плачат, мажите викаат.

Се дополнително ескалирало кога телевизискиот снимател на Агенцијата АП, инаку Американец, од словенската страна им пришол на полицискиот кордон и го пробил за да влезе меѓу бегалците. Полицијата на место го соборила и го уапсила.

Министертсвото за внатрешни работи на Хрватска објави нови бројки за бегалците во оваа земја.

До 11 часот денеска во земјата влегле 20.737 бегалци. На граничниот премин Товарник се наоѓаат повеќе од 2.500 бегалци.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар побарала помош од Европската Унијаво решавањето на бегалската криза.

Премиерот Зоран Милановиќ остро се спротвставил на идејата која во неколку наврати ја посочила Грабр, а тоа е да се испрати војска на границата.

Тоа би значело убвање на луѓе, истакнал тој.