Драма над Белград: Германски авион принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“

Авион на германската авиокомпанија „Герман вингс“ принудно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, објави електронско издание на српскиот весник „Блиц“.

Според неофицијални информаци, авионот слетал поради чад во кокпитот којшто настанал поради проблем со вентилацијата во ситемот за климатизација.

„Авион на германската компанија ‘Герман винг’ со 149 патници и петмина членови на екипажот, којшто сообраќал на релација Родос-Келн, непланирано слета на белградскиот аеродром денеска околу 10,30 часот поради чад во кокпитот“, потврдиле за весникот од белградскиот аеродром.

На терен се веќе сите надлежни служби на аеродром вклучувајќи и протипожарна служба, која по детален преглед на леталото утврдила дека нема пожар. Според процедурата сите патници со автобуси се пренесени до аеродромската зграда.

Се очекува авионот наскоро да го продолжи своето патување до крајната дестинација.