Драма при слетување на авионот во кој биле ракометарките на „Вардар“

Ракометарките на Вардар преживеале вистинска драма откако нивниот авион едвај слетал на аеродромот во Љубљана. „Вардарки“ денес го играат натпреварот со Крим во Лигата на шампионите.

-Беше хаос. Авионот започна со слетување и започна да се лула. Во прв момент помисливме дека е само турбуленција, бидејќи така изгледаше, ветерот започна да дува се посилно како што се спуштавме. Го видовме градот и пистата, но тогаш авионот се накриви и започна да пропаѓа. Многумина започнаа да врискаат, по што одеднаш се крена нагоре, вели Јованка Радичевиќ.

Црногорската репрезентативка за тоа колку била сериозна ситуацијата, вели дека најдобро се опишува со фактот дека стјуардесата била изгубена и не реагирала на повиците на патниците.

jovanka500

-Никој не ни се обрати. Стјуардесата занеме, а пилотот се јави 15 минути откако заврши целата сцена и кажа дека сме биле под силен страничен ветер и дека ќе се обиде да дојде до пистата од другата страна. Верувајте, беше ужасно, дури и некои од нас кои немаат страв од летање мислеа дека то е крајот. Сите имавме мачнини, бевме во очајна состојба. Долго не можев да дојдам на себе, додава Радичевиќ.