Драма во Ротердам: Во воз се заканувал со бомба (ФОТО)

Возот на меѓународната линија Амстердам – Париз денес беше во застој во холандскиот град Ротердам, а патниците се евакуирани, откако вооружен маж се заклучил во тоалетот и се заканувал со бомба, а полицијата настојуваше да преговара со него, јавува Раша тудеј.

Според најновите информации полицијата го уапсила осомничениот маж кој се заклучил во тоалет, а според изјавите на очевидци се заканувал со бомба.

Драма во Ротердам: Во воз се заканувал со бомба
Драма во Ротердам: Во воз се заканувал со бомба

Според сведоците, мажот што се заклучил во тоалетот со себе носи бомба… Возот бил во застој, а патниците се евакуирани во Ротердам, каде бил евакуиран и дел од станицата.

На местото во моментот е распоредена специјалната антитерористичка единица.

Ројтерс ја пренесува изјавата на локалната полиција дека нема индикации дека мажот што се заклучил во тоалет на воз е вооружен и дека на самото место се наоѓаат специјалци што се обидуваат да разговараат со него.

Драма во Ротердам: Во воз се заканувал со бомба
Драма во Ротердам: Во воз се заканувал со бомба

Компанијата што ја држи меѓународните железничката линија „Талис“ од Амстердам преку Брисел, соопштила дека нема опасност по патниците.

Инцидентот се случува месец дена откако осомничен џихадист отвори оган на возот Талис во северна Франција, по што беше совладан од страна на четири патници.