Драма среде бел ден во Трговскиот центар „Бисер”

Вистинска драма се одвивала вчера среде бел ден во Трговскиот центар „Бисер“, на булеварот Јане Сандански во Скопје.

Како што денеска соопштува полицијата, засега непознат маскиран разбојник вчера во 13 часот и 30 минути влегол во канцеларија на заложна куќа и од вработената, 22-годишната С.К. најпрвин побарал пари, а потоа извршил пребарување по фиоките при што одзел еден лап топ и избегал.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на насилникот.