Драма во Автокоманда: Го прободел братот и побегнал

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Педесет и шест годишниот Р.Д. по претходна расправија, со остар предмет го прободел неговиот брат А.Д. (49), по што избегал.

Како што информираат од МВР инцидентот се случил вчера околу 20. 06 часот, во скопската населба Автокоманда, кај спортската сала во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“.

Повредениот брат бил пренесен во ГОБ„Свети Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош и е констатитрана убодна рана помеѓу 3-то и 4-то ребро од предната лева страна на градниот кош со која е предизвикано крварење во левото белодробно крило.

Истиот е задржан за понатамошно лекување, а полицијата превзема мерки за расчистувње на случајот.