Драма во Белград: Либиски студенти упаднаа во Амбасадата на Либија

Вистинска драма се одвиваше вчера во Белград, кога околу педесетина либиски студенти упаднаа во Амбасадата на Либија во српската претстолнина.

Според информациите, студентите барале остварување на нивните права, и побарале смена на нивниот претставник Абдула Дежели поради корупција.

2

Студентите тврдат дека Дежели одлучувал на кој факултет ќе одат, што ќе студираат, кај кој лекар ќе се лекуваат, ги праќал на најефтините клиники и ги присвојувал парите наменети за студентите.

Либиските студенти откако упаднале заземале една просторија во Амбасадата, додека дипломатскиот персонал бил во друга просторија.

3

Околу 20-30 полицајци присутни пред Амбасадата не можеле да реагираат бидејќи се работи за дипломатско представништво.

Во Србија има околу 400 студенти од Либија.