Балкан

Драма во Белград: Маж се заканува дека ќе се фрли од мост (фото+видео)

Драма во Белград: Маж се заканува дека ќе се фрли од мост (фото+видео)

Постар маж на околу 60-годишна возраст стои на оградата на Стариот железнички мост, познат како Савски мост во Белград и се заканува дека ќе скокне.

Тој се качил на огрдата одолу 13:30 часот, а во моментов, како што пренесуваат српските медиуми има насобрано граѓани околу мостот, а сообраќајот е прекинат.

most_srbija_2

На лице место се и екипи на брзата помош, полицијата, како и речната полиција.

Како што пишува српски „Курир“, човекот побарал веднаш да му го донесат детето и во спротивно се заканувал дека ќе се фрли. Според неофицијалните информации на весникот, на местото стигнале две жени, а најверојатно станува збор за неговите деца.

Луѓето кои преговараат со мажот, да се симне од оградата, пристигнале околу 14 часот и во моментот се уште преговараат со него.

фото/видео: Kurir.rs