Драма во Белград: Маж се заканува дека ќе се самозапали

Вистинска драма се одвива во моментов во Белград- маж се заканува дека ќе се самозапали.

Мажот со иницијали С.Ч.  стои на балконот во Белград, со канта бензин и се заканува дека ќе се самозапали, јавуваат српските медиуми.

Наводно проблемот е во тоа што сакаат присилно да го иселат од куќата во која живее со двете деца и бремената сестра.

Судски извршители утринава дошле да ги иселат од семејната куќа, меѓутоа, тие не сакале да ја напуштат.