Драма во кумановско: Жена се фрли во бунар

Жителите на кумановската населба Пуковско вчеравечер преживеаа вистинска драма кога 53-годишна жена се обидела да се самоубие скокајќи во бунар.

По интервенција на противпожарната единица жената била извадена и пренесена на хируршкото одделение во кумановската болница, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

За среќа, кумановчанката не е во животна опасност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.