понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

ДРАМА ВО МАЛТА: Киднапиран авион, има закана дека ќе се активира бомба

Патнички авион на лет од Либија е киднапиран и до сега од непознати причини бил пренасочен кон Малта, каде што слетал. Оваа информација на својот Твитер профил ја објавил премиерот на Малта, Џозеф Мускат.

малта

Поврзани вести

„Ројтерс“ јавува дека двајцата киднапери се закануваат дека ќе го разнесат авионот со бомба.

Од друга страна, како што пишува порталот „Times of Malta“, станува збор за еден киднапер, кој наводно е „следбеник на Мохамед Гадафи“ и е наоружан со неколку рачни гранати.

Истиот портал наведува дека киднаперот рекол дека ќе ги пушти сите патници доколку се исполнат неговите барања. Сега за сега не е познато што тој бара од полицијата.

Полициските и спасувачките служби се во состојба на припремност. Станува збор за летот 8U209 на „Африка еарвејс“ кој инаку требал да лета на домашна линија од градот Сабе од југозападна Либија до Триполи.

133497173

Најчитани вести