Драма во Нови Сад: Станари се закануваат дека ќе скокнат од зграда

Станарите од зграда во Нови Сад која се уште е во градба, утрово околу 8 часот се затвориле во неа и се закануваат дека ќе се фрлат од врвот на објектот.

Тие се закануваат дека ќе скокнат, бидејќи институциите сакаат да ја рушат зградата во која тие купиле станови, поради еден спрат, кој не бил во согласност со законот за градење.

Српски Блиц пишува дека во зградата има неколку луѓе, но не се знае точно нивниот број и дека истите одбиваат да излезат надвор и не сакаат да комуницираат со новинарите.