Драма во СДСМ пред денешниот Конгрес

Вистинска драма се случува во СДСМ пред денешниот Конгрес на кој партијата треба да ги официјализира пратеничките листи, дознава Press24 од високи партиски извори на Бихаќка.

Според информации на порталот, на денешниот Извршен одбор кој беше закажан во 10 часот, не се појавиле 75 отсто од членовите.

Тие се незадоволни од изборот на Заев и Шеќеринска околу кадрите кои треба да се појават на пратеничките листи. Меѓу членовите на СДСМ, се коментира дека на СДСМ многу лесно може да и се повтори судбината која ја имаше Демоктарската партија на Србија кога на предизборниот Конгрес, поранешниот претседател на партијата, Борис Тадиќ најави дека ќе формира нова партија, која подоцна на изборите освои и повеќе гласови од Демократската партија, пишува Press24.

СДСМ по извршниот одбор треба да одржи и Централен одбор на партијата чиј старт е закажан за во 12 часот. Конгресот треба да се одржи во 14 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.