Драма во скопски бутик: со ножици ја нападнал сестрата на љубовницата

Вчера попладне се одиграла вистинска драма во скопски бутик. Дваесет и осум годишната  А.Л. од Скопје, во полиција пријавила пријавила дека вчера околу 15,30 часот во Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ била нападната од љубовникот на нејзината сестра.

Пријавителката заедно со нејзината сестра отишле во бутикот со намера да разговараат со Б.Ѓ. (47) од Скопје, во врска со прекината љубовна врска со нејзината сестра.

Истата откако му кажала дека ќе ја извести неговата фамилија за љубовната врска, Б.Ѓ. станал агресивен и од фиока од бирото земал ножици и се нафрлил кон пријавителката.

Во истиот момент помеѓу нив застанала сестрата и го оттурнала Б.Ѓ. према тоалетот, додека А.Л. излегла од бутикот и го пријавила случајот во полиција. Додека истата била надвор пред бутикот Б.Ѓ. излегол по неа и почнал да и се заканува по животот.