ВИДЕО: Драма во Тузла, гори зградата на локалната влада

Во Тузла ситуацијата на демонстрантите ескалираше, откако демонстрантите упаднаа во зградата на локалната влада и ја заземаа.Демонтрантите го пробиле полицискиот кордон каде што влегле во зградата на Владата на ТК која најпрво ја демолирале, а на крај ја запалиле.Над зградата се крева густцрн чад.

Граѓаните извикувале „долу бандо“,„крадци“, а полицајците се распоредени пред зградата на Владата на Кантонот Сараево и околните улции, јавуваат федералните медиуми.

Протестите на граѓаните кои започнаа пред два дена во Тузла за денеска се најавени во повеќе до 20 градови, во знак на поддршка на обесправените работници од Тузланскиот кантон, но и како израз на општо незадоволство од моменталната ситуација во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.