Драмата продолжува, Шумахер во кома семејството му зборува за да го смири

Членовите на семејството и пријателите на Михаел Шумахер кој од крајот на декември е во кома по тешкиот пад на скијање во Франција, му зборуваат за да му ја подобрат состојбата, пренесува германски „Билд“.

Шефот на клиниката Асклепиос во Хамбург, д-р Хајнц Петер Мецке објасни дека ефектите од зборовите кои најблиските му ги кажуваат на пациентот во кома, се исклучително позитивни.

„Гласовите на членовите на семејството имаат смирувачки ефект и му даваат на пациентот чувство на сигурност,“ изјави лекарот Мицке

Покрај членовите на семејството, во посета на Шумахер неколку пати бил и неговиот поранешен шеф на екипата Рос Браун, како и актуелниот претседател на Меѓународната автомобилска федерација Жан Тод.

Билд пренесува дека неделава се очекува јавниот обвинител кој е задолжен за истрага за причините за несреќата, Патрик Квински да го затвори случајот.

Шумахер е во вештачка кома од 29 декември по тежок пад на скијање во Франција каде што со глава удри во карпа.