Драматичен пресврт во Украина

За 24 часа демонстрантите во Украина успеаја да ја превртат земјата наопаку, пренесува „Ајриш Тајмс“.

Во петокот вечерта, украинскиот претседател Виктор Јанукович избега од претседателството и Киев заедно со своите министри. Следниот ден тој беше во источниот град Харков, каде во 2011 година тој ја смести во затвор, својата политичка ривалка, Јулија Тимошенко.

Уште пред да се појави тој со негово обраќање, Парламентот гласаше за ослободување на Тимошенко. Таа направи триумфално враќање во главниот град уште истата вечер. Тимошенко се смета за фаворит за следниот претседател на изборите закажани за 25 мај, пишува „Ајриш Тајмс“.

Драматичниот пресврт се претвори во понижување за Јанукович, горд маж со истакнат темперамент.

Во своето обраќање тој ги спореди настаните во Украина со доаѓањето на власт на нацистите во текот на 30 -тите години на минатиот век во Германија, го осуди „превратот“, извршен од гангстери и одби да отстапи од функцијата.

Малку потоа Јанукович беше отпуштен од Парламентот, врз кого тој ја имаше контролата до петок . Во саботата обезбедувањето на аеродромот соопшти дека го спречи Јанукович да го напушти родниот Донецк.

Се’ уште не е познато каде се наоѓа во моментов, сега веќе поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.