ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Дете паѓа од жичарница

На Интернет е објавена драматична видео снимка на која може да се види како петгодишно дете паѓа од жичарница во Пенсилванија.

Од падот детето се здобило со исеченици на лицето и повреда на ногата.

Снимката се прошири низ социјалните мрежи, а на неа се гледа како несреќното дете грчевито се држи за жичарницата додека му висат носете. После некое време следува и падот.

Сопственикот на туристичкиот центар изјавил дека детето било само во седиштето кога се случил инцидентот и имал шлем за заштита на главата.

Тој додал дека родителите се тие кои одлучиле детето да се вози само.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.