Драматично во Битола: Соседите одвај спасиле жена од пожар

Соседи спасиле жена од пожар што вчера избувнал во куќата на улицата Кичевска број 9 во Битола. Жената веднаш била пренесена во болница, но е надвор од животна опасност.

Според изјавите на очевидци пожарот избувнал во спалната соба од куќата, а се претпоставува дека причината за избувнувањето на пожарот е неисправна електрична иснталација, јави ТВ Тера.

Куќата е сопственост на Ана Стефановска, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, а сега член на Државната изборна комисија.

Благодарејќи на брзата интервенција на противпожарната единица, пожарот брзо бил локализиран.