Драматично во околината на Шабац, наредена итна евакуација

Во десетина села во околината на Шабац наредено е евакуација поради опасност од пробивање на насипот на Сава.

Шефот на градскиот штаб на одбрана од поплави, генералот Љубиша Диковиќ нареди итна евакуација на населението на десетина села што се покрај насипите.

Насипот започна да попушта и постои сериозна опасност од пробивање на водата на поединечни места. Првите знаци на предупредување се појавиле во долниот дел на насипот каде што се појавила водата и создава мувла, па поради тоа насипот е небезбеден.

Војниците и полицајците започнаа со евакуација на населението, но селаните не сакаат да ги напуштат куќите. Генералот Диковиќ лично ги молел и им наредувал на населението да ги напушти домовите за да си ги спасат животите.

Градот Шабац, моментно не е загрозен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.