Балкан

Драматична ситуација во прифатниот центар Елиникон крај Атина

Драматична ситуација во прифатниот центар Елиникон крај Атина

Во прифатниот центар на стариот атински аеродром Елиникон владее драматична ситуација, каде веќе има над 6.000 бегалци и мигранти, и покрај забележениот пад на миграциски прилив на грчките острови по склучувањето на спогодбата меѓу ЕУ и Турција од 20 март, алармира денеска електронското издание на весникот „Етнос“.

Во репортажа на весникот пишува дека во последно време ситуацијата во центарот е на пат да излезе од контрола и дека крие сериозни ризици откако драматично се зголеми бројот на бегалци и мигранти кои се сместени во него, а капацитетот на центарот тоа не може да го издржи.

Весникот „Етнос“. исто така, алармира и за новиот обид на властите  да ги преместат бегалците и мигрантите од пристаништето Пиреја во други прифатни центри, кои поттикнувани од активистите на невладините организации, одбиваат да се ги послушаат нивните повици за преместување.