Драматична снимка од емигранти во Гевгелија – Дете во паника дека ги изгубило родителите!

Драматична снимка од емигранти во Гевгелија - Дете во паника дека ги изгубило родителите!
Драматична снимка од емигранти во Гевгелија - Дете во паника дека ги изгубило родителите!

Видеото од сириското дете, кое во цела таа гужва успеа да влезе во возот, денеска никого не остави рамнодушен. Неговите родители не успеаја да фатат место, па тој во паника дека ги загубил во хаосот, преплашено и низ солзи викаше по својата мајка и татко.

Неговите родители не успеале да фатат место, па тој во паника дека ги загубил во хаосот, преплашено ги бара
Неговите родители не успеале да фатат место, па тој во паника дека ги загубил во хаосот, преплашено ги бара

Повеќе од илјада емигранти денеска на железничката станица во Гевгелија се тепале за место во возот, кој требало да тргне околу 10 часот. Полесно се повредени неколку луѓе, а во метежот е скршен и еден прозорец од возот.

Тепачката со ножви и тупаници меѓу две големи групи емигранти од Авганистан и Сирија почнала при влегувањето во возот кој сообраќа на линијата Гевгелија-Табановце. Притоа осум од мигрантите се повредени, а искршен е и еден прозорец на возот.

Од Македонски железници, неофицијално го потврдуваат инцидентот и велат дека имаат голем проблем со безбедноста, бидејќи полицијата не сака да ги решава инцидентите што се случуваат меѓу мигрантите во возовите.

Од вчера зголемен е бројот на мигрантите од Блисиот Исток и Азија, кои влегуваат во Македонија од грчка страна. Според изјави од наши граѓани, кои патуваат кон Грција преку граничниот премин Богородица-Евзони, забележливи се поголеми групи мигранти од правец на Солун кон македонската граница, кои се движат по пругата.

Пoгледнете го видеото со детето:

 

Прочитајте повеќе:
На Табановце поставени два монтажни објекти за мигрантите